Белата куќа не ја исклучува можноста од терористички акт во урнатиот руски авион во Египет
САД не ја исклучуваат можноста терористички акт да е причина за падот на рускиот патнички авион во Египет, соопшти Белата куќа.
САД досега не ја утврдија причината за авионската несреќа, додаде портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, цитиран од ДПА.
-Ние се уште не ја утврдивме причината. Но не можеме да исклучиме ништо, вклучувајќи ја и можноста за терористички акт, додаде тој и одби да даде коментар на прашањата поврзани со разузнавањето.
-Во САД се разгледуваат дополнителни безбедносни мерки во некои летови, но уште не се донесени никакви решенија, рече Ернест.
Франција ги советуваше своите државјани да не заминуваат за Шарм- ел-Шејк, на Синајскиот Полуостров во Египет, каде во саботата се урна рускиот авион, освен доколку имаат неодложна причина, на пример, од професионален карактер, соопшти француското МНР.
Советот на француското МНР е ставен на сајтот на институцијата и се однесува и на градот Таба, што се наоѓа, исто така, на Синајскиот Полуостров, информираа француските медиуми.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дванаесетте директори на Хирургија и министерот Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено
-
Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-
Нетанјаху повикан во американскиот Конгрес додека продолжува офанзивата во Рафа
-
Во Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград
-
Донг: Кина отворена за редовна воена комуникација со САД
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено