Џет-Сет
19. July 2018 - 13:22

Бекамови купуваат стан во Будва од 200 квадрати: Им се допадна еден во луксузен комплекс, со спа центар

Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам отпатуваа со хеликоптер од Свети Стефан каде престојуваа последните денови, а она што е интересно е  дека „ледената кралица“ во Јадранското море ниту еднаш не се избања, зошто наводно, водата и била премногу солена.

Викторија и Дејвид Бекам со децата се одмараа на Свети Стефан, а во Црна Гора планираат да купат и луксузна недвижност.

Имено, поранешниот фудбалер разгледувал апартман, од речиси 200 квадрати, лоциран на последниот кат од еден луксузен комплекс во Будва и многу му се допаднал.

-Престојуваа на Свети Стефан, но разгледуваа и поголем дел од приморјето. Посебно им се допадна Будва и се распрашуваа за инвестирање во луксузен комплекс кој има и спа центар, рече извор близок до двојката.

Црна Гора им се допадна зошто луѓето на улица не ги запираат и можат нормално да шетаат.

Бекамови имаат вила во Кенсингтон, луксузни викендички на француската ривиера и во близина на Мадрид, а кога Бекам играше за ЛА Галакси, купија и куќа во Лос Анџелес.