Бандиќ ја најави кандидатурата за премиер на Хрватска
Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ денеска најави дека ќе се кандидира за премиер на Хрватска.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера соопшти дека во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во четвртокот беше отповикан премиерот Тихомир Орешковиќ.
Бандиќ најави дека на изборите ќе излезе во одлична форма и ќе се кандидира за претседател на владата.
- Очекувам овој циркус колку е можно побрзо да престане и да се одржат избори кон крајот на јули, истакна Бандиќ.
На новинарско прашање зошто му го завртел грбот на лидерот на ХДЗ Томислав Карамарко, тој одговори дека „во политика нема љубов“.
- Реков ако постои опција да се реши, тогаш нека се реши, инаку нови избори. Таква е цената на политиката, нема љубов во политика. На изборите граѓаните ќе одлучат дали сакаат експеримент или Бандиќ, нагласи градоначалникот на Загреб.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани