Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
Чекаме да ги видиме декларациите на новата Влада, штом биде формирана и штом положи свечена заклетва и овде сме да коментираме што било друго, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на очекувањата на Грција од новата Влада кај нас.
Маринакис истакна дека очигледно не можат да ги коментираат изборите и резултатите во други земји и дека се почитува одлуката на граѓаните, но и посочи дека треба да се почека „да видиме што ќе каже постизборно владата што ќе произлезе од изборниот процес во Северна Македонија“.
На новинарско прашање за Договорот од Преспа, портпаролот на грчката Влада потсети на ставот на Нова демократија кога беше во опозиција кога, како што рече, на секој можен начин и користејќи ги сите институционални и парламентарни средства што ги има на располагање, ги изрази своите несогласувања, но истакна дека станува збор за меѓународен договор.
-Како што имаше посочено тогашниот лидер на опозицијата и претседател на Нова демократија, а сега актуелен премиер Кирјакос Мицотакис, од момент кога ова ќе претставува одлука на грчкиот Парламент, односно договорот ќе биде изгласан од мнозинството, претставува обврска и врз основа на континуитетот на државата ќе ги следи и следните влади. И ние апсолутно го почитуваме ова. Станува збор за ратификуван меѓународен договор, надвладува која било друга одредба и ова, мислам дека очекуваме да биде почитувано и од другата страна, објасни Маринакис.
Паралелно додаде дека не сака да говори хипотетички и грчката Влада очекува прво да ги види позициите на другата страна, а потоа да излезе со став.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава