Македонија
12. October 2015 - 17:07

Апсурдните барања на опозицијата ја деградираат дијаспората - Денеска нова рунда разговори

СДСМ предлага апсурдни решенија со кои сака да ја изигра дијаспората и со тоа прави проблеми и во запазување на другите рокови прецизирани со договорот од Пржино како што е објавувањето и именување на министри и заменици на министри, пишува порталот Курир.

Формално СДСМ се залага пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници.

Реалноста е дека и во Македонија пратениците од 6-те изборни единици се избираат според различен број на гласови, па излегува дека ако просечниот број на гласови со кој се избира пратеник во Македонија е 7.200, СДСМ сака пратеникот од дијаспората да се избира со повеќе гласови од било кој пратеник од 5-тата и 6- тата изборна единица. Тоа е принцип кој е преседан, а тоа го покажуваат и компаративни искуства кои говорат дека пратениците од дијаспората се избираат со помалку гласови од матичната земја.

Во Франција пратеник во земјата се избира со 46.194 гласови, додека пратениците од дијаспората се избираат со 20.286 гласови. Во Хрватска пратеник во земјата се избира со 17.000 гласови, а додека просекот за пратеник од дијаспората е 7.000 гласови.

Според Курир, СДСМ е против дијаспората затоа што не гласа за опозициската партија, што е недемократско однесување и претставува ставање на партиските пред државните интереси.

Од друга страна пак, СДСМ тврди дека тие не се против гласањето на дијаспората, а нивните ставови биле во функција на изденачување на правото на глас. Обвинуваат дека власта е таа што ги кочи преговорите.

Партиите очекуваат на денешните разговори да се постигне договор за изборниот пакет.