Антивладини протести во Малезија
Илјадници демонстранти облечени во жолто денеска протестираа во центарот на главниот град на Малезија, Куала Лумпур, барајќи оставка од премиерот Наџиб Разак поради обвиненијата за корупција.
Демонстрантите ја прекршија забраната за масовни собири на јавни места и вчерашната забрана на Владата, за носење на жолта облека.
Жолтата боја е симбол на коалицијата од граѓански групи Берсих, која бара изборни реформи и подобро владеење.
Разак и малезиската Влада се критикувани на социјалните мрежи откако „Волстрит џурнал“ во јули објави дека на приватните сметки на премиерот има над 670 милиони долари, а најверојатно парите се на Државниот фонд за развој.
Малезиската Комисија за борба против корупција изјави дека парите на приватните сметки на Разак се подароци од Блискиот Исток, но не наведе повеќе детали.
Разак изјави дека демонстрантите немаат патриотизам, бидејќи протестираат два дена пред одбележувањето на денот на независноста на Малезија.
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи