Македонија
17. April 2024 - 14:58

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со Албанец кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик.

Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.