Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа.
Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, рече дека агенцијата не ја евакуирала областа и оти не планира да го стори тоа. Таа рече дека во градот има илјадници вработени.
– УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа.
Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош, рече Тума и повика на прекин на огнот. Односите меѓу Израел и УНРВА долго време беа затегнати и влошени за време на седуммесечната војна.
Израел ја обвини агенцијата за соработка со терористичката организација Хамас и повика на нејзино затворање.
УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата.
Израелската војска денеска им нареди на десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долго најавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе почне наскоро.
Ново на Сител
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала
-
Веќе трет месец вработените во Македонски шуми се без плата
-
Откупувачите бараат 26 000 тони тутун, лани имаше само 15 000 - Колку ќе тежи реколтата за 2024?
-
Старт-АП компаниите се иднината за економскиот раст во државата
-
Спасени тројца планинари и 7 годишно дете
-
Под мотото „Спектакуларно непослушни“ на 22 јуни ќе се одржи парадата на гордоста во Скопје