Македонија
15. March 2024 - 16:41

Агелер: Судии се жалат на политички притисоци, клучна е нивната независност

Тргнете ги рацете од судиите, ваква порака до политичарите испрати американската амбасадорка Агелер на одбележувањето на 60 годишната од основањето на Уставниот суд. Вели дека за притисоците слуша и од самите судии, па ги повика властите да овозможат независност на правосудниот систем. Потенцира дека тоа е исклучително важно во време на изборниот циклус.

Пораките на Агелер ги слушнаа највисоките државни функционери, но во нивните говори ниту збор за поплаките кои ги слушнала американската амбасадорка. Имаа само пофални зборови за работата на Уставен.

За првиот човек на судот кој се грижи за уставноста и заштита на човековите права, волјата за владеење на правото е посилна од сите недостатоци во општеството. Дали проблемот со пасошите е ограничување на слободата на движење, својот став Кацарска го најави за седницата кога ќе се разгледувало тоа прашање.

Поддршка за продолжување на работата, Уставен доби од Мисијата на ОБСЕ и ЕУ делегацијата во земјава.