Бизнис
17. January 2016 - 16:22

Аеродромот Александар Велики најбрзорастечки во регионот

Скопскиот аеродром – прогласен за најбрзорастечки во регионот. Минатата 2015 година бележи стапка на пораст од 20,2%, објави специјализираниот сајт Екс Ју  Авитејшн Њус.  Со воведување на 6 нови рути, го претрка љубљанскиот Јоже Пучник и се позиционираше како најзафатен аеродром на екс ју просторот, кој за една година бележи пораст од 176 %.

Топ 5 дестинации за македонските патници се Истанбул,  Цирих, Виена, Малме и Базел. На најфреквентниот ден на скопскиот аеродром -  8 август, ималo речиси 6, 736 патници.  Најмногу превезени патници исто така имало во август, чија бројка достигнала над 173.000 патници. Во моментов од Скопскиот аеродром се оперира со 31 дестинација, а според најавите година се очекува воведување на уште најмалку 4.

- Минатата година се отворија нови шест евтини авиолинии, а оваа година од март ќе се отворат нови три линии, а во мај уште една преку Џет ерлајнс, .Во март ќе се отворат евтини авио линии кон Копенхаген, Братислава и Берлин, а во мај кон Прага., изјави премиерот Никола Груевски

Заклучно со 16 ти декември на двата македонски аеродроми превезени се милион и 485 илјади патници, што е пораст за 21% во споредба со 2014 та . Се зголемиле и опеrациите на авиони за 10,5 отсто или имало вкупно 14.880 полетувања и слетувања.

Според анализата на сајтот, белградскиот Никола Тесла  го задржа лидерското место со најмногу превезени патници ,а прогнозите за оваа години се раст  од 4 до 6% .  Концесионерот ТАВ, кој оперира со македонските и хравтски аеродроми, сега е  заинтересиран и за Никола Тесла . Веќе ја подготвува понудата за негово превземање, која ќе ја достави наредниот месец.