Македонија
30. August 2023 - 16:32

А1 Македонија слави четврти роденден

А1 брендот влегува во 4 година на македонскиот пазар, со милиони корисници и понуда која секојдневно се усовршува, велат од компанијата.

Брз мобилен интернет, воведување и усовршување нови дигитални алатки, и атрактивна понуда на најсовремени телефони, сето ова доаѓа по пристапни цени и со врвна корисничка услуга, посочува раководството на А1 Македонија. 

“Во текот на овие 4 години А1 брендот стана посакувана дестинација за сите корисници кои сакаат уште повеќе вредност, непречена комуникација и нови технологии. Иако се соочивме со предизвици од глобални размери кои имаа влијание и на корисниците и на нас како компанија, сепак ова беше време на големи успеси за А1 со целосна посветеност кон поттикнување на дигиталниот начин на живеење, модернизирање и усовршување на нашата мобилна и оптичка мрежа обезбедувајќи супериорно корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија и стабилен квалитет”.

Од компанијата велат дека покрај вложувања во развојот на мрежата, технологијата и бизнис сегментот,  се реализраат и општествено корисни проекти од областа на заштитата на животната средина и едукација на младите. Од А1 Македонија и овој септември најавуваат нови атрактивни понуди за своите корисници со цел да ги пресретнат нивните потреби.