Македонија
13. May 2022 - 12:09

62 годишна жена паднала од електричен тротинет и тешко се повредила

Вчеравечер на велосипедската патека покрај кејот на Вардар 62 годишна жена од Скопје изгубила контрола додека управувала електричен тротинет и паднала. Се здобила со тешки телесни повреди констатирани во ПЗУ „Систина“.

На 12.05.2022 во 20,30 часот било пријавено дека на велосипедската патека покрај кејот на река Вардар С.Д.(62) од Скопје додека управувала електричен велосипед паднала на велосипедската патека. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д. констатирани во ПЗУ “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.