-->
-->
53 годишник од Теново е починатиот човек најден вчера во реката Вардар кај Радиовце
-->
Тетовската полиција информираше дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот. Станува збор за 53 годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.
– По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираат од СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ