5 видови на шеќерна болест?! Ново истржување- еве што е откриено
Новото откритие на шведските и финските научници можеби ќе доведе до подобри резултати поради различниот пристап во индивидуалното лекување.
Отсекогаш се смета дека шеќерната болест доаѓа во два облика. Дијабетес тип 1 е автоимуна болест кај која пациентот повеќе не произведува инсулин, а тип 2 се појавува кога телото станува отпорно на инсулин, што е често последица од нездрав начин на живот. Околу 90 до 95% од дијабетичарите денес се класифицирани во вториот тип.
Меѓутоа сега, откако е направен големиот проект во Шведска и Финска, утврдено е дека дијабетесот тип 2 сепак се категоризира како 4 различни болести. Научниците предводени од страна на експерти од Универзитетот Lund, кон крајот на минатата недела известуваат дека нивните нови сознанија треба да се истражат со цел да се открие точниот начин на лекување.
Тие веруваат дека одредувањето на попрецизните групи, секои генетски различни, може многу да помогне во дијагнозата и терапијата по мерка која ќе доведе до попрецизни лекови.
Овие научници порачуваат дека дијабетесот тип 1 треба да се преименува во "сериозен автоимун дијабетес". Според нив, дијабетес тип 2 треба да се класифицира во 4 различни категории од кои две се сериозни, а две "благи".
Првата од четирите споменати категории, би била сериозен недостаток на инсулин, а се покажало дека вклучува лица со висок шеќер во крвта, мало производство на инсулин или умерена резистентност на инсулин.
Другиот тип, дијабетес резистентен на инсулин, воглавно е поврзан со дебелината. Третиот тип е поблаг, поврзан со дебелината кој вклучува дебели пациенти, но тоа кај нив претставува помалку сериозна состојба и притоа вклучува лица кои се разболуваат на релативно рана возраст. Последната група претставува дијабетес поврзан со стареењето, што е најголема група, во која дури 40% од пациентите припаѓаат на постарата популација.
Научниците, чиј труд е објавен во списанието Lancet Diabetes and Endocrinology Journal, се темели на испитување на скоро 15 000 пациенти во Финска и Шведска.
"Ова е прв персонализиран чекор кон лекувањето на дијабетесот. Моменталната дијагностика и класификација на дијабетесот не е доволна и не може да предвиди идни компликации и избор на лекување. Оваа студија е чекор напред во откривањето на дијабетес тип 2,"– вели професор Леиф Гроп, еден од лидерите на истражувањето.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево