Македонија
19. August 2023 - 8:39

304 санкционирани возачи во Скопје, 105 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 304 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас..., информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,додаваат од МВР.