Македонија
29. August 2015 - 20:10

3 милиони евра од владата за рурален развој на Струмица

За нови проекти во Струмичкиот  регион  преку програмата за рурален развој Владата ќе издвои околу  3 милиони евра . Дел од проектите се веќе започнати,  а поголем дел ќе стартуваат за краток временски период, а  се однесуваат на населените места во Струмица, Ново Село,Василево и Босилово.

-Од Програмата за рурален развој 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично. Така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат оваа и во текот на следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање, изјави Премиерот Никола  Груевски.

Груевски истакна дека за Владата приоритет е граѓаните да имаат поквалитетен живот без разлика кој е на власт во општината. Премиерот посочи дека во Струмичкиот регион во минатото  инвестирани се  околу 2 милиони евра само за водоводни и канализиоциони мрежи, и најави дека ќе има уште м,ногу нови проекти.