Македонија
8. April 2023 - 10:46

197 санкционирани возачи во Скопје: 93 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.