Loading Video...
Свет
10. January 2018 - 22:54

13 загинати во поплави и свлечишта во Калифорнија

По пожарите, Јужна Калифорнија сега  се бори со поплави и свлечишта предизвикани од интензивните  поројни дождови. 13 лица загинаа а над 160 се повредени  во поплавите и лизгањето на земјиштето. Многу куќи се целосно уништени, илјадници домаќинства се без електрична енергија а на некои места има кал во висина од 1,5 метри.

- Единствените зборови со кои можам да го опишам тоа што го видов е дека изгледаше како бојно поле од Прва Светска Војна, вели Бил Браун, шериф на округот Санта Барбара

Голем број луѓе се спасени но голем е бројот и на оние кои се заробени во места до кои е тешко да се стигне поради паднати дрва и далноводи велат спасувачките екипи.