13 лица меѓу кои и 6-годишно дете повредени во сообраќајка на Валандовско брдо
Тринаесет лица се повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовско брдо.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. За денеска најавени повеќе детали за сообраќајката.
Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.
Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.
Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин повеќе од еден час.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош