Звукот на тапани го заменија лелеци од болка: Детали за прегазеното детенце во Велес

Трагедија ја зави Македонија во црно кога згасна живот на мало детенце. Таксист завчера прегази едно годишно детенце кое одело на свадба со родителите во мотелот "На велешко". Детето излетало пред таксито, а таксистот во момент на невнимание го прегазил и за жал усмртил истото.
Како што денеска пишува Телеграф.мк, наместо тапани и весела атмосфера кои требало да владеат на свадбата, тишина завладеала со местото каде се случи трагедијата. Таксистот со автомобил фиат пунто во 19 часот и 10 минути го прегази детенцето кое почина на лице место.
- „Малото со родителите излезе од таксито. Ненадејно се најде пред возилото кое го удри во глава, детето падна пред браникот. Неговите родители се блиски роднини со младоженецот. По ова, свадбената свеченост, која и не започна, се откажа. Беше многу мачна атмосфера“, вели очевидец на настанот за Телеграф.мк.
Инаку, возачот кој го прегази детето е 42-годишниот Ј.П. од Велес.
извор: Телеграф.мк
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
