Зврлевски се сретна со генералниот обвинител за меѓународна соработка на Холандија
Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска во Скопје имаше средба со генералниот обвинител на Кралството Холандија, кој го води Секторот за меѓународна, европска и соработка со Карибите, Алберт ван ден Керк и со јавниот обвинител, Корнели Бакер.
Целта на посетата, како што информираат од Обвинителството, била зајакнување на соработката помеѓу јавните обвинителства на Македонија и Холандија. - Во таа насока е и соработката која се реализира преку ангажманот на јавниот обвинител Бакер во рамките на ИПА Проектот „Меѓународна соработка во кривичната материја: Јавнообвинителска мрежа на Западен Балкан“, се вели во соопштението.
На средбата биле презентирани системите и начинот на функционирање на двете обвинителства во предмети со меѓународна правна помош, како и натамошните чекори за унапредување на соработката.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати