Зошто само кралот срце нема мустаќи: Откриена големата мистерија!
Во шпилот карти кралот срце е единствениот крал без мустаќи. Е сега, за тоа зошто е тоа така постојат неколку теории. Најдобра теорија е дека кралот „херц“ е дизајниран според една поема.
Беше еднаш еден крал…
Англиската легенда вели дека кралот некогаш имал четири сина, на кои планирал да им го подели кралството.
И сите синови, освен еден, имале мустаќи Повикал уметници и побарал да ги насликаат неговите синови, а потоа напишал поема во која навел дека во наследството ќе го „изостави чудниот крал“, што значело дека едниот син ќе остане без дел од богатството. Можеби ова и не е вистина, но се смета дека идејата за ваквиот шпил карти потекнува од трите крала со мустаќи и еден без нив.
Александар Македонски и Карло Велики
Има и такви кои сметаат дека лошото печатење е виновно за „чудниот“ крал затоа што тој наводно на почетокот имал мустаќи, но поради лошото печатење потоа ги изгубил. Некои од славните личности, како Александар Македонски и Карло Велики, исто немале мустаќи. Можеби кралот без мустаќи има врска со дизајнот и произведувачот на картите. USPCC (Американската компанија која ги произведува картите за игра) го фаворизира баш ваквиот изглед на кралот срце. Тие се познати и по четирите раце.
Новата теорија како главен виновник за губитокот на брковите кај кралот срце ја наведува историјата, односно техниката на производство. Стандардните англиски карти за игра, кои денеска се користат, потекнуваат од оригиналните француски модели кои се произведени во XVI век. За потребите на масовното производство, најстарата карта била отпечатена со помош на дрвени блокови.
Корупција, војна и смрт
Повторно, една теорија вели дека каро, пик и треф асоцираат на корупција, богатство, војна и смрт. Од друга страна, срцето како орган е чисто, отворно и не носи ништо вештачко. Така што имаме целосно избричен крал срце.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп