Зошто речиси сите ликови од цртаните филмови се со жолта боја?
Сунѓер Боб, Симпсонови, птичката Твити и уште многу цртани јунаци се поврзуваат со жолтата боја. Зошто токму оваа боја најчесто се користи кога се замислуваат ликовите од цртаните филмови, дознајте во продолжение...
Една од можните причини е теоријата на боите, со контрастите на боја во однос на боја, светло-темно, топло-ладно.
Најсилниот контраст на чистите бои, пред се е жолто-црвено-сино. Портокаловата, зелената и виолетовата, послаби според својата хроматска вредност од жолтата, црвената и сината даваат и послаб контраст, додека впечатокот кој го создаваат боите од третиот ред е уште послаб.
Исто така, еден од важните контрасти е комплементарниот. Две светлини обоени со комплементарни бои помешани даваат бела светлина. Ставени една покрај друга, тие меѓусебно се засилуваат, додека помешани се поништуваат меѓусебно.
Комплементарни парови се: жолто-виолетова, жолтопортокалово-
Втора причина е RGB моделот на бои, адитивен модел на бои кај кој со собирање на три основни бои на различни начини добиваат сите други бои.
Со мешање на трите основни бои црвената, сината и зелената, се добиваат сите секундарни и терцијарни.
RGB моделот е адитивен, светлосен модел на мешање на бои и во тој модел жолтата всушност се совпаѓа со сината.
Трета причина е психологијата на боите, на која нашите очи несвесно реагираат. Докажано е дека различно реагираме на одредени бои и дека тие кај нас предизвикуваат различни емоционални состојби. Жолтата боја брзо ја забележуваме и е поврзана со среќа и енергија, а и многу далтонисти ја препознаваат жолтата боја.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“