Зошто на жените им е постудено во канцеларија од мажите со вклучена клима-уред?

Температурата во канцелариите најчесто се прилагодува на машките колеги поради што голем број на жени на работните места се „смрзнуваат“.
Во зградите пирум светот температурата се прилагодува со стандардите кои уште во 1960 година ги одреди Здружението на американски инженери за греење, ладење и климатизација. Моделот е базиран на фактори како надворешна темепартура на воздухот, релативна влажност, неговото струење, количината облека која на себе ја има работникот и брзината со која се загрева нашиот метаболизам.
Но, проблемот е, пишува весникот Форутна, во тоа што моделот е застарен, а една варијабла би можела да се нарече сексистичка. Имено, при пресметување на оптималната температура во канцеларијата пред 40 години се земаше предвид податокот за просечната животна доба на 40-годишен маж, со тежина од 70 кг.
Жените денес сочинуваат половина од вработените во канцелариите, нивните тела произведуваат помалку топлина од телата на мажите и метаболизмот им е повеќе поуспорен, затоа што се поситни од мажите заради што имаат помали мускули, а повеќе масно ткива. Познато е дека мускулите произведуваат повеќе топлина од масното ткиво.
Предвид треба да се земе и физиологијата на жените и нивниот избор на облека. Мажите најчесто се во костуми.
- Начелно, тоа е многу добар стандард темелен на термодинамиката - баланс меѓу телесната температура и температурната во просторијата, рече за Business Insider холандскиот билогот, Борис Кингма, од Универзитетот на медицинскиот центар во Мастрихт, кој воедно е ко-автор на истражувањата. Кингма рече дека истражувањата покажуваат дека на жените во климатизирани простории им е поладно отколку на мажите.
Новите студии упатуваат на тоа дека жените повеќе сакаат да претстојуваат во потопли простории - околу 25 Целзиусови степени, а мажите во нешто поладни - околу 22 Целзиусови степени.
Студијата дава и решение: да се промени, односно да се зголеми температурата на климата на апаратот на вредност која одговара на работниците, од што на крајот ќе има двојно повеќе добивка. Меѓу другото, и за компанијата, затоа што ќе се заштедат финансиски средства.
Ново на Сител
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
