Балкан
14. April 2016 - 12:33

Зоран би можел да го помине полиграфот бидејќи е суперинтелигентен, тврдат експерти!

Пред неколку дена, таткото на Зоран Марјанович, Владимир, рекол дека неговиот син има коефициент на интелигенција 150, па експертите прокоментирале дека можно е тоа да е причината поради која тој го поминал полиграфското испрашување.
 
Како што тврдат експертите, високоинтелигентните лица можат да го излажат полиграфот.
 
- На првото полиграфско испрашување одговорил на сите прашања и ги поминал, но бил сомнителен, поради што е повторено ова испрашување. Денешните полициски искуства покажуваат дека луѓето со висок коефициент на интелигенција можат лесно да го излажат полиграфот - рекол извор близок на истрагата.
 
 
Можеби тоа е и причината поради која се верува дека Зоран не ги поминал двете полиграфски испрашувања.
 
- Полицијата во овој случај ги направи сите можни проверки, истраги, анализа и по преглед на теренот, но и бројни испрашувања на лица кои потенцијално можат да имаат врска со овој злочин, се утврди дека во овој момент главно осомничен за убиството на Јелена е нејзиниот сопруг - открил извор близок на истрагата.