Зоолошка градина критикувана поради неодговорност кон животните

Активисти на групата за заштита на правата на животните денеска повторно ја критикуваа индонезиската зоолошка градина Бандунг позната по малтретирање на животните, откако се појави видео во кое еден од нивните орангутани пуши цигара.
Активистот Марисон Гучиано изјави дека на видео снимка видел уште еден доказ дека во зоолошката градина Бандунг не постои надзор.
Во видеото едно момче фрла половина испушена цигара кај орангутанот кој потоа ја зема и ја пуши, додека насобраните луѓе гледаат и се смеат.
Весниците неколку пати пишуваа за таа зоолошка градина како ги изгладнува животните.
Петицијата change.org, со која се повикува на затворање на зоолошката, досега има милион потписници.
Портпаролот на Бандунг, Сулхан Сајафи изрази жалење поради инцидентот и додаде дека полицијата е известена за настанот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
