Оваа многу опасна синтетичка дрога која се пуши, може да се купи многу евтино, за 5 фунти кесичка, што е и една од причините за вакви шокантни сцени налик на опседнати од ѓаволот.
Исто така, затоа што е евтина дрога, на него брзо се навлекуваат, па спајсот е одговорен за хаосот што настанува во затворите како и за големиот притисок врз итните служби.
„Неодамна првите два часа од смената ги потрошив само на луѓе што пушат спајс во некоја зомби држава. Тие тоа го користат како ескапизам, начин да побегнат од животот и реалноста“, рече припадник на специјалниот тим од Лидс.
Еден од градовите кои се целосно уништени од спајсот (зачин) е Донкастер на југот на Јоркшир, кој веќе доби и прекар Спајскастер (буре со зачин).
Сопственичката на продавница Зара Елиот (31) вели дека целиот крај станал ужасен и застрашувачки.
„Навистина е хорор. Го гледам тоа секој ден. Видов човек кому пена му излегуваше од уста. Изгледаше опседнат од зли сили и викаше некои глупости. Покрај него поминуваше мајка со две мали деца и едното од нив почна да плаче и да вика: „Мамо, мамо, дали е ова монструм?. Потоа го видовме како паѓа и се удира од земја и ми ги растера купувачите. За жал ѓивема над продавницата, така што немам каде да побегнам“, рече таа.
Експертите тврдат дека епидемијата од користење на оваа опасна дрога се шири низ земјата. Се се почести сликите од Манчестер, Ливерпул и Блекпул на кои се гледаат корисниците на спајс како безживотно лежат на улица со исповратена облека. Со голема брзина, овие застрашувачки глетки се раширија низ вела Британија, а на голема жал и во во училиштата.