-->
-->
ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-->

Французинките Емили Хароп и Тибо Анселмет денеска во Бормио го освоија златниот медал во мешаната штафета во скијачко планирање, со што ѝ го донесоа на Франција седмотo златно одличје на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.
Откако освоија сребро и бронза во своите поединечни дисциплини во четвртокот, во олимпиското деби на дисциплината скијачко планинарење, Хароп и Анселмет водеа денеска од почетокот до крајот, пред Швајцарците (Маријана Фатон и Џон Кистлер) и шпанскиот тандем (Ориол Кардона и Ана Алонзо).
Фатон и Кардона претходно на ЗОИ 2026 ги освоија златните медали во поединечна конкуренција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
