ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато

Австриската репрезентација во состав Јан Херл и Стефан Ембахер, го освои златниот олимписки медал во супертимското натпреварување во скијачки скокови во Предацо кое беше прекинато во завршницата поради снежни врнежи и силен ветер.
Натпреварувањето требаше да содржи три серии, но последната беше прекината поради невремето и за конечниот пласман одлучуваа само првите две серии.
Австријците Херл и Ембахер убедливо победија со 568,7 бодови, пред Полјаците Павел Васек и Кацпер Томашиак (547,3), додека Норвежаните Јохан Андре Форфанг и Кристофер Ериксен Сундал го освоија бронзениот медал (538).
За Полјакот Томашиак ова беше трет медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, по среброто на малата и бронзениот медал на голема скокалница во поединечна конкуренција.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
