Спорт плус
10. February 2022 - 12:00

ЗОИ: Во примерокот на Валиева пронајдена недозволена супстанца, Русија може да остане без златниот медал во уметничко лизгање

 Светските медиуми денес објавија информација дека доделувањето на сетот медали за екипното натпреварување во уметничко лизгање е одложено поради проблеми со допинг тестот на 15-годишната руска шампионка Камила Валиева.

Валиева беше дел од руската репрезентација на екипниот натпревар на Олимпијадата во Пекинг пред два дена и стана првата уметничка лизгачка во историјата која изведе четирискок.

Според „Inside the Games“, ситуацијата е под истрага и доколку Валиева биде прогласена за виновна за прекршување на анти-допинг правилата, нејзината казна можеби нема да биде толку строга поради нејзината возраст.

Женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг започнува на 15 февруари и за него епријавена Валиева.

Од таборот на руската експедиција на ЗОИ изјавија дека нелегалната супстанца е која е пронајдена во примерокот на Камила Валиева не ги подобрува атлетските перформанси и се користи за лекување на срцеви проблеми.