ЗНМ: Владата да објасни чија е одговорноста за пропустот во организацијата на прес-конференцијата во Куманово

На 18 април, 2020 година, Здружението на новинарите на Македонија објави соопштение во кое се произнесе за правата на новинарите и медиумските работници и за состојбата на медиумите за време на пандемијата со коронавирусот. Во дел од соопштението се дава осврт за прес-конференцијата одржана во Куманово каде присуствувал градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се утврди дека е позитивен на коронавирусот.
Во своето соопштение ЗНМ напиша: „Сакаме да упатиме критика за последната прес-конференција организирана во Куманово од страна на градоначалникот. Според нашите колеги, таа била организирана во затворен простор со присуство на повеќе соговорници, новинари и медиумски работници, кои имале меѓу себе физички контакт. Потоа се укажа дека градоначалникот бил заразен од Ковид-19, со што нашите колеги директно биле изложени на здравствен ризик“.
На овој дел од соопштението Општина Куманово достави демант до ЗНМ во кој се вели дека: „Локалната самоуправа не е организатор на пресот во Куманово, туку Владата на Република Македонија (за тоа постојат докази во комуникација и покани до медиумите)“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
