ЗНМ: Осуда за нападите врз весникот „Заман-Македонија“
Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува реакцијата на турската амбасада во Скопје, која весникот „Заман-Македонија“ што излегува во Македонија, го нарече терористички билтен на ФЕТО.
– За еден весник, кој 25 години излегува во Македонија да се каже дека е терористички билтен на било која организација, е скандалозен повик за линч на неистомислениците. Очекуваме дека и останатите државни институции ќе го осудат овој чин кој е во насока на задушување на слободната мисла, стои во реакцијата од ЗНМ.
Од ЗНМ ги охрабруваат колегите од „Заман-Македонија“ да продолжат со својата работа и им нудат натамошна поддршка во насока на информирање на Меѓународната федерација на новинари за, како што стои во реакцијата, притисоците со кои оваа редакција се соочува во своето работење во Македонија.
Реакцијата на турската амбасада во Скопје се случи откако јавно беше објавен податокот дека весникот „Заман-Македонија“ е добитник на финасиска помош од Владата во рамки на проектот за поддршка на печатените медиуми.
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење

