Знаете ли зошто сите омилени цртани јунаци се жолти - ова е причината

Сунѓер Боб, Симпсонови, птичката Твити и уште многу цртани јунаци се поврзуваат со жолтата боја. Зошто токму оваа боја најчесто се користи кога се замислуваат ликовите од цртаните филмови, дознајте во продолжение...
Една од можните причини е теоријата на боите, со контрастите на боја во однос на боја, светло-темно, топло-ладно.
Најсилниот контраст на чистите бои, пред се е жолто-црвено-сино. Портокаловата, зелената и виолетовата, послаби според својата хроматска вредност од жолтата, црвената и сината даваат и послаб контраст, додека впечатокот кој го создаваат боите од третиот ред е уште послаб.
Исто така, еден од важните контрасти е комплементарниот. Две светлини обоени со комплементарни бои помешани даваат бела светлина. Ставени една покрај друга, тие меѓусебно се засилуваат, додека помешани се поништуваат меѓусебно.
Комплементарни парови се: жолто-виолетова, жолтопортокалово-синовиолетово, портокалово-сино, црвенопортокалово-синозелено, црвено-зелено, црвеновиолетово-жолтозелено.
Втора причина е RGB моделот на бои, адитивен модел на бои кај кој со собирање на три основни бои на различни начини добиваат сите други бои.
Со мешање на трите основни бои црвената, сината и зелената, се добиваат сите секундарни и терцијарни.
RGB моделот е адитивен, светлосен модел на мешање на бои и во тој модел жолтата всушност се совпаѓа со сината.
Трета причина е психологијата на боите, на која нашите очи несвесно реагираат. Докажано е дека различно реагираме на одредени бои и дека тие кај нас предизвикуваат различни емоционални состојби. Жолтата боја брзо ја забележуваме и е поврзана со среќа и енергија, а и многу далтонисти ја препознаваат жолтата боја.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
