Знаете ли за што служи рачката на внатрешниот ретровизор во автомобилите?
Некои возачи тоа го знаат додека другите за тоа не размислувале премногу.
Како и да е, малата рачка на внатрешниот ретровизор сигурно не служи за поставување на разни украси...
Тоа е рачка за ден/ноќ возење, односно служи за заштита на возачите при ноќно возење да не ги заслепат светлата на возилата кои се наоѓаат позади нив.
Експертите објаснуваат што всушност се случува:
- При ноќно возење може да се случи да ве заслепат силните светла на возилата кои доаѓаат или возат позади вас. на долниот дел ретровизорот е рачката која можете да ја повлечете или гурнете. Огледалото се поместува надоле или нагоре и силната светлина позади вас нема да ви смета. Вратет ја рачката во почетната позиција и огледалото ќе се помести во идентична позиција, објаснуваат за порталот Интруктор вожње.
Додаваат дека и внатрешниот и надворешните ретровизори се подесуваат откако возачкото седиште е во најдобра положба за возење.
Исто така, кога ќе го наместите внатрешното огледало, добро внимавајте да не размачкате со прстите и оддржувајте го чисто за да видливоста е најдобра. Всушност тој ретровизор прикажува објектите најрелни.
- Надворешниот лев ретровизор ги покажува објектите оддалечени отколку што се. Надворешниот ретровизор ги покажува објектите уште подалеку отколку што ги покажува надворешниот лев ретровизор, додаваат на крајот.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје