Змиите се плашат само од една работа: Од ова бегаат веднаш

-Оваа година исклучително голем број змии влегуваат во домаќинствата, двојно повече тколку досега, вели змијоловецот од хрватска Славонија Дарко Карамазан. Еве како да ги исплашите.
-Ќе ги има двојно повеќе. Можеби поради долгиот сушен период, во потрага по глодари, или поради пестицидите бегаат од полето, рече Карамазан, кој е познат змијоловец и живее во Збијег, во близина на Славонски брод, а луѓето често го викаат на помош за да фати змија и да ја однесе што подалеку од домот.
Само ова лето имал многу повици, а интервенирал десетина пати.
Никогаш не убил змија
-Не постигнувам, имам многу работа надвор од тоа и тешк ми е да им одговорам на сите. На некои им помагам и со совет, а некои ми јавија дека ја фатиле змијата и ја пуштиле во природа. Тоа ми е посебно драго. Но никогаш не сум убил змија, ниту отровница, вели Дарко Карамазан.
До пред само 8 години собирал и продавал отров од шарки на Имунолошкиот завод за производство на квалитетен серум. Шарката денеска релативно ретко се наоѓа во куќа, иако Карамазан оваа година фатил една на повик на луѓе од едно село во Нова Градишка.
-Долго ја барав и речиси се откажав, а на крајот ја открив во шупата за дрва, под една даска. Кога е вруќина змиите се скриваат во ладовина, но знаат да влезат и во куќа, ако одат по глувците кои ги ловат, раскажува Карамазан.
Природен непријател им е ежот, а мачката која сака да улови шарка, може и да настрада. Годинава не слушнал дека некој бил гризнат од шарка, која покрај поскокот е најотровна змија во Европа. Ако ги сретнеме во природа, треба да ги заобиколиме. Тоа е негово мислење.
-Единствена среќа е што шарките имаат помало количество отров, инаку би била смртоносна како африканските змии, вели Карамазан.
Бидејќи ежот и е природен непријател на змијата, и од него се плаши, веројатно би помогнала и некој играчка еж ако многу личи на вистинското животно.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
-

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината
-

Облачно со повремен дожд
-

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
