ОН: Злосторствата врз Рохинџите имаат елементи на геноцид

Високиот претставник на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин изјави дека не ја исклучува можноста однесувањето на безбедносните сили кон Рохинџите во Мјанмар да биде оквалификувано како геноцид.
На специјална сесија на Советот за човекови права на ОН, Ал Хусеин истакна дека припадниците на оваа заедница продолжуваат да бегаат од северната држава Ракајн, каде во насилството против нив има елементи на геноцид како систематска дискриминација, тортура и лошо однесување, насилно иселување и систематско уривање на нивните села.
Претставникот на ОН истакна дека ниту еден од 626-те илјади Рохинџи кои избегале од насилството досега, не треба да се вратат во Мјанмар додека не биде воспоставен мониторинг на лице место.
На денешната сесија во Женева неколку земји, меѓу кои Саудиска Арабија и Бангладеш, предложија резолуција во која стои дека има докази за злосторства против човештвото кон Еохинџите. Во одлуката, за која ќе се гласа подоцна денеска, се упатува повик до властите во Мјанмар да им дозволат на ОН и на хуманитарни организации да спроведат истрага и да организираат хуманитарна помош.
Властите во Мјанмар го известија Советот за човекови права на ОН дека ги прецизираат условите за создавање на заедничка работна група со Бангладеш и оти очекуваат процесот за враѓање на Рохинџите да почне за два месеци.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
