Живот
6. September 2018 - 22:45

Злобна маќеа наредила брутално групно силување на пасторката (9): Полицаецот плачеше кога ги раскажуваше деталите за ужасното злосторство над девојчето

Една Индијка (36), нејзиниот син (14) и уште тројца (14, 19 и 28) се уапсени поради групно силување и ѕверско убиство на 9-годишно девојче, пасторка на уапсената жена.

Злосторството се случило во областа Барамули во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир.

Маќеата, чие име не е соопштено, се договорила со својот син и тројца негови другари, групно да го силуваат девојчето.

Ја одвеле малечката во шума на 24 август каде тие четворица брутално го силувале детето. Сето тоа го гледала маќеата, и кога завршиле сите четворица, таа со свои раце го задавила девојчето.

View image on Twitter

Тука не бил крајот: синот на девојчето му ја скршил главата, друг и ископал очи, а третиот до киселина и ги полеал искасапените интимни органи. Потоа телото го фрлиле во грмушка на оддалеченост од околу километар од нејзината куќа.

View image on Twitter

 
Таткото на девојчето го пријавил нејзиното исчезнување во полиција, а телото е пронајдено дури во вторникот, на 4. септември. А потоа клопчето почна да се размотува.
 

„Полицијата ги испитала осомничените, а во текот на сведочењето на маќеата излегла на виделина ужасната вистина за силувањето и убиството на 9-годишното дете од кое се леи крвта во вените“, рече за навинарите видно згрозен, вишиот инспектор во полициајта на Барамула, Имтијаз Хусеин Мир. Искусниот полицаец дури заплакал додека на новинарите им објаснуваше што се направиле злосторниците врз малото девојче.

View image on Twitter

Се утврдило дека маѓеата била љубоморна на другата жена на својот сопруг и нејзините деца, посебно на девојчето. Не и требало долго за да им се пожали на полицајците како нејзиниот маж многу ја сакал ќеркичката и и посветувал повеќето од своето слободно време. Толку ја мразела што го смислила и извела ова ужасно злосторство.

И нејзиниот син и тројцата негови пријатели ја признале вината, а на малолетните ќе им се суди како на возрасни поради изразената суровост и бруталноста на злосторството.