Спорт плус
20. August 2023 - 20:09

Злато за Вулета во скок во далечина

Српската атлетикарка Ивана Вулета го освои златниот медал на Светското првенство на отворено во скок во далечина.
 
Ивана не успеа во првата серија, а потоа во втората прескокна 7,05 метри, што беше нејзин сезонски рекорд по 6,86 во Дијамантската лига во Монако.
На крајот сепак прескокна рекордни за неа 7.14метри што и го донесе златниот медал на СП во Будимпешта.