Злато вредно над 600.000 евра и непријавена голема сума пари пронајдени во автобус со патници на Табановце
При вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, вчера мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце откриле и привремено задржале 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.
„Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Р. Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Дополнително, при личен претрес кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок“ наведуваат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа