-->
-->
„Златни денови“ во Кратово
-->
Во Кратово вечер почнува 3. културно-музичка манифестација „Златни денови“.
Организаторите најавуваат голема посетеност, а на фановите им ветуваат добра и незаборавна забава.
Како што соопштија, дел од програмата е резервирана за најголемите македонски фолклорни хитови во последните 25 години. Ќе настапат Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Круме Спасовски, Кате – Нели ти реков, Елена Георгиева, Христијан Димитриевски, а по нив и Етно групата Монистра, ѕвездичките и ѕвездите на Пинк, Дани Димитровска, како и Тајзи и Спејко.
Забавата во ноќните часови ќе продолжи со настапи на неколку ди-џеи.
На „Златните денови“ во Кратово се очекуваат посетители не само од Македонија, туку и од останатите земји на Балканот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари