-->
-->
„Златната топка“ е за Лионел Меси, официјализацијата утре
-->
Лионел Меси од Барселона е прогласен за најдобар фудбалер во 2019 година во изборот на „Франс фудбал“, а како доказ, во јавноста се појави и една фотографија со бројот на гласови кои ги добиле најдобрите десетмина.
Официјалното доделување на „Златната топка“ ќе се случи утре на свечена церемонија. Според фотографијата на која се гледаат поените, Меси е прв, а второто и третото место ги држат играчи на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк односно Мохамед Салах.
Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус е само четврти, и затоа најави дека нема да присуствува на церемонијата. Петти е Садио Мане од Ливерпул. За Меси тоа би била шеста награда „златна топка“ во кариерата и ќе има една повеќе од Роналдо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот