Македонија
20. December 2016 - 22:54

Зимата доаѓа утре, првиот снег во јануари

Зимата во земјава и на северната хемисфера ќе почне утре во 11.44 часот., ао исто време на јужната земјина полутопка календарски ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6. 58 часот, а ќе зајде во 16.05 часот. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени.

Според среднорочните прогнози на AccuWeather, оваа зима на Балканот и во Македонија ќе биде малку постудена и посушна од просекот. Нешто пообилни врнежи од снег се очекуваат во јануари и февруари, а ниски температури ќе има речиси до крајот на март.

Зимата астрономски ќе заврши на 20 март 2017 година во 12 часот и 29 минути, за време на пролетниот еквиноциум, однсоно рамноденица и во тој момент ќе почне пролетта.