Зигмар Габриел - нов шеф на германската дипломатија

Екс вицеканцеларот и министер за економија во германската влада Зигмар Габриел денеска од страна на претседателот Јоаким Хаук е именуван за нов министер за надворешни работи на Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Лидерот на германските социјалдемократи го менува досегашниот шеф на диломатијата Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба да стане иден претседател на Германија како заеднички кандидат на СПД и најголемата партија ЦДУ/ЦСУ која ја води Ангела Меркел.
Габриел во 1990 година бил премиер на покраината Долна Саксонија, студирал германски јазик, политика и социологија. Германските медиуми често пати потенцираат дека до својата десетта година по разводот на неговите родители живеел со својот насилен татко, којшто бил отворен приврзаник на нацизмот.
Габриел во 1976 како 17-годишник станува член на Социјалистичката младина на Германија а наредната година се зачленува во СПД. Во високите кругови на германската политика влегува во 1998 година кога тогашниот канцелар Герхард Шредер го поддржува за премиер на Долна Саксонија кој со 40 години станува најмлад шеф на покраинска влада.
Првата позиција министер ја добива во 2005 година кога го води ресорот екологија, а подоцна како министер за економија, при што во неговата агенда се теми како обезбедување на слободна трговија. Лидер на СПД стана во 2009 година и освен Вили Бранд, Габриел е претседател со најдолг стаж во партијата.
Запрашан дали како министер за надворешни работи ќе му биде потребен курс за преживување, Габриел вели „Не дека за време на моите патувања во Иран, Кина, Турција и Саудиска Арабија бев речиси уапсен, но се надевам дека ќе бидам во позиција во која нема вербално да започнам меѓународна криза“.
Негова прва задача и мисија ќе биде да ги смири тензиите меѓу и Германија и САД, каде ќе патува наредната недела во обид да најде заеднички конструктивен јазик со администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Уапсени пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
