Ракомет
24. August 2017 - 19:02

ЖРК Вардар ќе го брани трофејот

Ракометарките на ЖРК Вардар со победата од 26:15 против Будуќност го освоија првото место во групата А на турнирот „Вардар 2017“ и со тоа се изборија за саботното финале како првопласирани од групата. Со овој триумф и пласманот во финалето „вардарки“ ќе можат да го бранат трофејот на овој турнир.

Најефикасни кај Вардар беа Лекиќ со 6 голови, Пенезиќ и Радичевиќ постигнаа по 5.
Нивниот ривал ќе биде познат по утрешниот дуел меѓу Ростов и Одензе.
На првиот денешен дуел Букурешт го победи Одензе со 27:23.
Финалето во сабота ќе се игра во 18 часот.