Македонија
14. May 2016 - 21:39

Жлна вест - Почина сликарот Стеван Поповски

Во Варшава денеска почина најпознатиот македонски сликар - наивец Стеван Поповски (1933, Скопје), соопшти неговото семејство.

Делата на сликарот Поповски ги красат светските галерии на наивата од Њујорк до Токио.

Сликарскиот занает Поповски го усовршуваше на париски Монмарт, а последните години живееше и твореше на релација Варшава-Скопје.

Во екот на осамостојувањето на Македонија беше неформален амбасадор на нашата земја во Полска.