Кошарка
10. јуни 2017 - 15:19

ЖИВО на Сител 3: Феникс и Вардар во кадетското финале

 
 
 
 
 
 Младите кошаркари на Феникс 2010 и Вардар ќе играат во кадетското финале. 
 
Во полуфиналните натпревраи на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 16 години (родени 2001-ва и помлади) кој се одржува во малата сала на СРЦ „Кале“, екипите на Феникс и Вардар беа подобри од двете екипи на Партизан Водно Сан. 
 
Во првиот полуфинален меч, Феникс убедливо со 188 поени разлика 84-66 го победи помладиот тим на П. Водно Сан (генерација 2001-ва), додека во второто полуфинале, Вардар благодарение на серијата од 10:0 во последните три минути славеше победа со 68-64 на Водно Санс (фенерација 2001). 
 
Така денеска од 17:30‬‬ часот двата тима на Партизан Водно Санс во меѓусебен меч ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Феникс и Вардар ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула. ‬‬
 
„Неделата на мак-баскетот“ ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е за недела и понеделни (11 и 12 јуни).