Жив закопан: Беше во гроб три дена и три ноќи и пренесуваше се во живо
За повеќето луѓе, идејата дека би можеле да бидат живи закопани, е вистински кошмар.
Џон Едвардс го нема тој проблем. Тој одлучи да помине три дена и три ноќи под земја, закопан во кончег кој личи како мртовечки.
Сепак, не е во прашање класичен мртовечки ковчег, зошто во него не би можел да преживее долго. Неговиот сандак бил осветлен и опремен така што можел во живот да се вклучи на социјалните мрежи. Звучи како авантура, но Едвардс не го работи ова поради забава или авантура.
Едвардс (61) е поранешен наркоман и алкохоличар. „Чист“ е повеќе од две децении, од како, што вели се сретнал со Бога пред 27 години.
Поради зависноста од различни супстанции, алкохол и самоубиствени нагони, изгубил повеќе од 20 пријатели во претходните години, па денеска сака да им помогне на оние кои имаат ист или сличен проблем со кој тој се борел поголем дел од својот живот. Откако се свртел кон верата, им помага на зависниците со молитва, а тие често му се обраќаат. Токму поради писмата, мејловите и пораките кои секојдневно му ги испраќаат, Едвардс одлучил да оди под земја три дена.
"Mојот план беше на сите нивни прашања да им одговорам од гробот пред и самите за завршат во него. Сакав да упатам порака за надеж“, вели Едвардс.
Тој вели дека не е клаустрофобичен, но сепак бил малкуисплашен.
-Когаш ќе легнете внатре и капакот ќе се затвори, слушате фрлање на земја врз сандакот, тоа е малку застрашувако, рече Едвардс.
Ковчего во кој лежел тој бил направен специјално за него. Поголем е и поширок од класичните ковчези. Димензиите му се 2,4 метри со 1,3 метри. Низ две цевки кои од сандакот водат кон земјата добивал воздух, а низ нив соработниците му доставувале и храна и вода. Исто така во сандакот имал и ВЦ.
Бурниот живот што го живеел направил од него мајстор за преживување. По сексуалното злоставување и менталните проблеми, Едвардс живеел на улица како бездомник. Повеќе пати се предозирал, но секогаш успевал да се спаси, но поради алкохолот морал на трансплантација ан црн дроб и преживеал рак два пати.
Сега сака само едно - да допре до што повеќе луѓе и да им помогне и нив да се спасат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр