Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години
Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување. Новопечената мајка живее на село во областа Масака, околу 120 километри западно од главниот град Кампала, јавуваат тамошните медиуми.
Според нејзиниот лекар Едвард Тамале Сали, кој ја следел бременоста и породувањето со царски рез, тоа е несекојдневен подвиг. И родилката, по име Сафина Намукваја, раѓањето на своите близнаци го нарече - вистинско чудо.
- Мајката и децата - девојче и момче, се во добра здравствена состојба и се набљудувани во болницата во Кампала, изјави докторот.
Како што пренесува „ХРТ“, Сафина ја родила својата прва ќерка пред три години.
Инаку, Африканката немала деца со својот прв сопруг, кој починал 1992 година, поради што ја нарекле „проколната“ во нејзиното село. А, вториот сопруг, кого го запознала во 1996., сега не присуствувал на породувањето.
- Тој исчезна кога дозна дека носам близнаци. Откако ме примија овде, тој не се појави, рече Сафина.
Не е објавено дали бременоста е постигната со туѓа јајце-клетка или жената ги замрзнала сопствените јајце-клетки додека била во репродуктивна возраст.
Ново на Сител
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите