Жителите на Богданци електронски ќе ги пријавуваат проблемите во општината

Општина Богданци на својот интернет портал од денеска на граѓаните им понуди нова е-алатка „Пријави проблем“ која овозможува во секој дел од денот, седум дена во неделата граѓаните да пријавуваат проблеми и да предлагаат решенија за нив, соопшти службата за информирање.
Граѓаните ќе пријавуваат проблеми и ќе бараат помош за нивно решавање во делот на уличното осветлување, поправката и одржувањето на улиците и тротоарите, оштетувањата на урбаната опрема, одржувањето на животната средина, јавните зеленила и гробиштата, како и проблеми во делот на водовод и канализација.
Општинарите ветуваат дека сите пријавени проблеми од граѓаните на општина Богданци ќе се обидат да ги решат во најкраток можен рок или дека доколку тие не се во делот на ингеренциите на локалната самоуправа,ќе ги информираат граѓаните каде можат да се обратат за помош и нивно решавање.
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
