Жителите лежат на илјадници тони дијаманти, но немаат намера да ги откопаат - еве за кој град станува збор

Жителите на гратчето Нердлинген, Германија, знаат дека живеат на, според стручните пресметки – 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.
Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.
Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.
Кога гратчето почнало да се гради, првите жители не знаеле за ова. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во 1960-тите не е утврдено дека тука паднал астероид. Суевитот околните жители го користеле како градежен материјал.
Количината на дијаманти е огромна, но не можат да постигнат добра цена, оти се помали од 0,2 милиметра. Така, не вреди да се разурне цел град за да се дојде до „богатството“.
Нердлинген, сепак, профитира на друг начин – туристи од целиот свет доаѓаат тука за да ја разгледаат светкавата архитектура, како и заради музејот Рис кратер, во кој се изложени примероци од кратерот од астероидот.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
